Галатасарај во холивудски стил го претстави еден од најскапите напаѓачи во светот

Во Галатасарај официјално се пресели Виктор Осимхен, кој денеска се огласи по комплетирањето на потписот на нигериската ѕвезда, која вчера како божество беше пречекана од навивачите на клубот од Истанбул.

„Постигнат е договор со професионалниот фудбалер Виктор Џејмс Осимхен и неговиот клуб Наполи за бесплатен привремен трансфер на играчот. Играчот ќе биде платен 6 милиони евра за сезоната 2024/2025. Со почит ѝ пренесуваме на јавноста“, објави Галатасарај.

Најлудиот трансфер летово заврши со пригодно видео во кое Осимхен се појавува на бал под маски носејќи ја својата карактеристична заштитна маска за лице, за да ја симне и на тој начин да ги воодушеви сите присутни.

Да потсетиме, Осимхен заврши во турската лига затоа што Наполи постави цена од 130 милиони евра, која ниту еден европски клуб не сакаше да ја плати, а Нигериецот беше решен да го напушти клубот.

Саудискиот клуб Ал Ахли речиси успеа да го комплетира трансферот, но преговорите пропаднаа во последен момент, а понудата на Челси не беше доволно финансиски дарежлива за Осимхен.

Нигериецот на крајот заврши во Галатасарај на позајмица до крајот на тековнава сезона.

реклама

Спанаќ за само 10 минути

Read more

Социјалните мрежи преполни со поздравот на Маск

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Русија до Америка: Не ни помислувајте да го преземете Панамскиот Канал

Read more

Фудбал

Анчелоти: Јас и Флорентино ќе имаме заедничка проштална забава

Read more

Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Read more

Флорентино Перс ќе го води Реал до 2029 година

Read more

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Read more
 

Спорт

Анчелоти: Јас и Флорентино ќе имаме заедничка проштална забава

Читај повеќе
  • play_arrow

Неуништливиот Ѓоковиќ со спектакуларен пресврт над Алкарас дојде до полуфиналето

Читај повеќе
  • play_arrow

Фер-плејот не е мртов: Де Варгас спречи судијата да му покаже црвен картон на противникот

Читај повеќе
  • play_arrow

Њу Орлеанс од -25 до победа, Бостон со 40 разлика ги победи Вориорс

Читај повеќе
  • play_arrow

Пол се самоуништи, Зверев се пласира во полуфиналето на АО

Читај повеќе

Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Читај повеќе

Флорентино Перс ќе го води Реал до 2029 година

Читај повеќе

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Читај повеќе

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Читај повеќе