Galaxy „цигла“ со модифицираната батерија од 30.000 mAh

Телефонот Galaxy A32 доби „ремонт“ и е опремен со помоќна батерија.

Иако денешните телефони имаат мноштво функции, нивната најслаба точка и најбавно растечки сегмент е сепак батеријата.

И покрај тоа што производителите го компензираат недостатокот на иновации на ова поле со технологии за сè побрзо полнење, капацитетот на батеријата не се промени многу во изминатите 10 години.

Неодамна, корисник на телефонот Samsung Galaxy A32 5G успеа да го модифицира својот уред и да инсталира батерија со капацитет од 30.000 милиампер часови (mAh).

Иако телефоните обично имаат капацитет на батерија од околу 5000 mAh, корисникот на Reddit Downtown_Cranberry44 го модифицираше својот телефон Galaxy A32 и го опреми со помоќна батерија.

URL

Модификацијата вклучува замена на оригиналната внатрешна батерија со надворешна кутија со шест ќелии Samsung 50E, секоја со капацитет од 5000 mAh.

Иако изменетиот телефон има импресивен капацитет на батеријата, надворешното куќиште е премногу гломазно, тежи 450 грама – што е двојно поголема од првобитната тежина на уредот.

Покрај батеријата, изменетиот телефон има и додавање на неколку различни порти за полнење, вклучувајќи две USB-A порти, еден USB-C, микро USB и порт за Lightning.

Се вели дека батеријата од 30.000 mAh се полни целосно за седум часа и трае до два дена при големи оптоварувања.

Иако модифицираниот Samsung Galaxy A32 5G не е визуелно привлечен, проектот покажува колку далеку некои ентузијасти се подготвени да одат за да го подобрат животниот век на батеријата.

реклама

Мобилни

Познати првите детали за телефонот Samsung Galaxy S24 Ultra

Read more

Младите повеќе ги сакаат легендарните „глупави телефони“

Read more

Xiaomi го претстави Redmi Note 12 Turbo и со Harry Potter верзија

Read more

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Read more
 

Гик

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Читај повеќе

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Читај повеќе

Колку долго човек може да остане буден?

Читај повеќе

Креативни начини како подобро да го организирате вашиот фрижидер

Читај повеќе

Познати првите детали за телефонот Samsung Galaxy S24 Ultra

Читај повеќе

Откриена планета голема колку Јупитер, но со густина поголема од олово

Читај повеќе

Илон Маск стана најследената личност на социјалната мрежа што си ја купи

Читај повеќе

Младите повеќе ги сакаат легендарните „глупави телефони“

Читај повеќе

Virgin Orbit се откажа од вселенските операции, отпушта 90 отсто од вработените

Читај повеќе