Првиот чекор во светот на смартфони со екран кој се витка го направи Royole - прилично непозната компанија која изгледа дека ги мотивираше гигантите да вложат во таквата техонолија. А вчера, Samsung го претстави моделот Galaxy F, кој е одговор за Royole FlexPai.
Во последните неколку месеци повеќе компании се приклучија кон трендот на смартфони со свитлив екран, а како најсериозни засега се покажуваат Huawei, Xiaomi, и секако, Samsung.
Минатата година Samsung го претстави прототипот за телефон со екран кој се витка, на традиционалната конвенција за девелопери, за кој се претставува дека ќе биде основа за новиот модел на компанијата, наречен Galaxy F.
Прикажаниот уред има два екрани, од кои внатрешниот е поголем, а надворешниот помал и се витка по средината. Во текот на прикажувањето, куќиштето на телефонот изгледаше нешто подебело од оние на останатите модели. Причината поради која смартфонот изгледаше подебел е бидејќи имаше заштитна маска, со која Samsung го „сокри“ вистинскиот дизајн од конкурентите.
Непосредно пред Mobile World Congress (MWC), кој на крајот на овој месец ќе се одржи во Барселона, Samsung реши да ни даде мал поглед кон тоа како би требало да изгледа моделот Galaxy Fold.
Во рекламното видео, кое најпрво се појави на YouTube каналот на Samsung за виетнамскиот пазар, се прикажани уредите на јужнокорејскиот производител кои во иднина ќе им бидат достапни на корисниците. Само во краток момент, од 0:24 до 0:26 може да се види Galaxy Fold/Galaxy F - телефонот со свитлив екран.
Уредот во видеото делува значително потенок од оној што беше прикажан на конвенцијата, и јасно се гледа дека предниот (помал) екран не се гаси кога телефонот ќе се отвори, но засега не знаеме дали се работи за видео трик со кој се покажуваат двата екрани или пак уредот навистина ќе работи на тој принцип. Тоа ќе го дознаеме на крајот на февруари, откако моделот ќе биде прикажан на Mobile World Congress.