Galaxy F: Samsung конечно го претстави „смартфонот кој се превиткува“

Веќе неколку недели беше актуелна најавата на Samsung дека конечно ќе го претстави новиот телефон со екран кој се превиткува, а вчера тоа конечно се случи. Од компанијата оваа технологија ја нарекоа Infinity Flex Display.

Самиот телефон, наречен Galaxy F, е со големина на таблет кој се превиткува на половина и може да го собере во џеб.

Кога дојде моментот да се претстави новиот уред, маркетинг директорот за мобилните уреди на Samsung, Џастин Денисон, во пригушена светлина го претстави Galaxy F, со цел да не ги открие сите детали за уредот одеднаш. Новиот уред има голем дисплеј од 7,3 инчи, но внатрешноста на уредот крие телефон со екран кој се превиткува и благодарение на технолошките иновации може да се свитка во големина на класичен смартфон.

Екранот на Galaxy F се превиткува по средината, што овозможува лесно превиткување на флексибилниот уред на Samsung. На екранот на овој уред можат истовремено да бидат отворени три апликации.

Samsung работеше на овој проект заедно со компанијата Google, a екранот кој може да се превиткува во иднина ќе биде вграден во сите уреди од производната линија на Galaxy.

Денисон најави дека технологијата наречена Infinity Flex, која му дозволува на екранот да се превиткува, ќе влезе во сериско производство веќе во наредните неколку месеци. Меѓутоа, Samsung не е единствената компанија која работи на смартфони кои се виткаат. Huawei, Lenovo, Xiaomi и Microsoft исто така работат на нивни верзии со слична технологија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе