Мобилни

Galaxy S8 ќе дојде подоцна од планираното

8. март 2017 - 18:41 | Д.П.

Samsung би требало наскоро да го претстави моделот Galaxy S8, но ланскиот инцидент со Note 7, прави јужнокорејскиот гигант да биде многу повнимателен. 

Првичните најави беа дека новиот Galaxy ќе стигне кај купувачите на 10 април, но сега датумот е поместен за крајот на април. 

Повеќе детали треба да бидат познати на крајот на март кога ќе биде официјалната промоција на новиот смартфон, а според шпекулациите продажбата ќе стартува по 25 април. 

Претходно, Samsung објави дека батериите во иднина ќе се проверуваат во „осум чекори", а тоа би требало да ги елиминира опасностите од нови инциденти. 

Коментирај