Galeksia стана официјален Pearson VUE тест центар

Galeksia, единствениот Институт за Дигитален Маркетинг кај нас, кој овозможува сертифицирани програми за дигитален маркетинг, акредитирани од Digital Marketing Instutute, од денес е официјален Pearson VUE тестинг центар.

Pearson VUE е лидер во сертификационото он-лајн тестирање за академски, владини и професионални програми, како што се врши тестирање на практични вештини, IT сертификати и лиценци. Во тестинг центрите на Pearson VUE се спроведуваат професионални испити кои им овозможуваат на индивидуалците да се здобијат со глобално признати стандардизирани сертификати кои го покажуваат нивото на знаење и вештини, со кои можат да напредуваат во својата професионална сфера. 

Тестирањата се одвиваат со помош на најсовремени технологии кои овозможуваат напредок во секоја индустрија. Сертифицираното знаење е многу важно, затоа што претставува потврда на знаењето и вештините кои се стекнати, како и потврда дека се применети строги стандардизирани критериуми при проверката на тоа знаење.

Критериумите кои Galeksia ги исполни за да  стане официјален тестинг центар на Pearson VUE се доста детални и строги - постои една долга листа на прецизно дефинирани услови кои треба да бидат исполнети онака како што се побарани, со цел да се обезбеди конзистентност насекаде низ светот и во секој Pearson VUE тестинг центар. Овие услови се однесуваат на просторните услови, техничката опрема која мора да се поседува, софтверските решенија, безбедносните аспекти, сертифицирање на луѓе кои ги спроведуваат тестовите, како и кредибилитетот на компанијата која аплицира за да стане Pearson VUE тестинг центар. Откако ги исполнивме сите овие аспекти, можеме да спроведуваме тестирања“, вели Билјана Гриовска, административен менаџер во Galeksia и сертифициран тест администратор на Pearson VUE.

За учесниците на програмите на Galeksia, важноста на тоа дека Galeksia е официјален Pearson VUE тест центар значи дека сега на едно место поминуваат низ комплетно заокружен процес - ја слушаат програмата креирана од Digital Marketing Institute и лидерите во индустријата за дигитален маркетинг (Google, LinkedIn, Facebook се дел од нив), полагаат тест и се стекнуваат со глобално признат сертификат.

„Сведоци сме на голем број курсеви, академии и обуки на нашиве простори, но и на светско ниво. Со изучување на програма креирана од светските експерти, како што се програмите на Galeksia, се добиваат повеќе бенефиции. Меѓу тие бенефиции спаѓа и учење според најновите промени и глобалните стандарди и стекнување со глобално признат сертификат. Сертифицираното знаење ги отвара вратите кон светот, пред сѐ поради кредибилитетот, препознатливоста и секако квалитетот кој го овозможува. Чест ми е што сме дел од глобалното семејство на Pearson VUE, што е уште еден наш чекор кон подигнување на стандардот за неформално образование во нашата држава.“, вели Теодора Филовска, сопственичка на Galeksia.

Освен програмите на Digital Marketing Institute во Galeksia ќе можете да полагате и сертифицирани испити за Microsoft, Amazon Web Services, Huawei, Harvard Business School Online, Oracle и над 80 други глобално реномирани сертификати.

Фокусот на Galeksia е да им го овозможи најдоброто искуство на студентите во процесот на учење и градење на нивната кариера во сите аспекти. Програмите за дигитален маркетинг на Galeksia се наменети за професионалци кои сакаат да го унапредат своето знаење; за оние кои сакаат да ја променат својата професија и имаат афинитет кон дигиталниот маркетинг; за сопствениците на мали бизниси кои можат да се развиваат и растат со соодветната примена на дигиталниот маркетин; како и сите оние кои се на почетокот на својата кариера и сакаат да започнат дигитален развој. Кога имаш соодветни вештини, никој не може да застане на твојот пат кон успехот.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Galeksia.

реклама

За да ја задоволи сопругата, Србин направи куќа која се врти

Read more

Нема начин да се спречи удар од голем астероид

Read more

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа по 24 години врска

Read more

Работи што ги прави секој маж кој искрено ве сака

Read more

Бизнис

Како да го забрзате растот на Вашиот мал бизнис со минимален влог?

Read more

Македонски Телеком со раст и зголемена добивка во првите три месеци од 2021 година

Read more

Apple забележа огромен раст на кварталните приходи од 54 отсто

Read more

Наследниците на Samsung мора да платат 10,8 милијарди долари данок на наследство

Read more
 

Вести

Германија ја дозволи вакцината на AstraZeneca за сите возрасти

Читај повеќе

Вработена во општина Гази Баба пријавила обид за напад од колега-советник

Читај повеќе

Објавена новата историска книга од проф. д-р Стефан Влахов - Мицов

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: позитивни 12,18% од тестираните, 26 починати

Читај повеќе
  • filter

Масовен протест во Атина, Ципрас и Варуфакис заедно со демонстрантите

Читај повеќе

„Волшебниот Моцарт“ за старт на серијалот „Мајски концерти“ на Националната опера и балет

Читај повеќе

Како да го забрзате растот на Вашиот мал бизнис со минимален влог?

Читај повеќе

Г7 повика на отпочнување на преговорите за членство Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Читај повеќе

Заев за средбата Пендаровски-Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Читај повеќе