Галерија на неделата: Ford Focus
Ford претходната недела го претстави освежениот Focus, а сега ќе го погледнете автомобилот од сите агли.
Освежениот Ford Focus во продажните салони ќе се појави на почетокот на следната година.
Редизајнираниот Ford Focus е препознатлив според предните куќишта за ЛЕД светлата во кои се интегрирани и светлата за магла.
Најмоќниот Focus ST го движи 2,3-литарски четирицилиндричен турбо бензин мотор со 280 коњски сили, нови редизајнирани седишта, нови алуминиумски фелни и интересна нијанса на зелени бои. Во понуда е и караван.
Во понуда е послабиот бензин мотор кој е заснован на познатиот литарски трицилиндричен турбо бензин мотор(EcoBoost) кој се нуди со 125 и 155 КС.