Филм & ТВ

„Game of Thrones“ венчавка: Поглед во замокот каде ќе се венчаат Кит Харингтон и Роуз Лесли

23. јуни 2018 - 16:38 | К.З.
Покрај фудбалската еуфорија, викендов ќе го одбележи и венчавката на двете ѕвезди на серијата „Game of Thrones“, Кит Харингтон и Роуз Лесли. Тие ќе се венчаат во замок кој припаѓа на семејството на актерката и кој може да прими до 80 гости. 
Со години оваа грандиозна градба се изнајмува на парови кои сакаат да ги разменат венчалните завети и низ британските кругови познатиот Вардхил замок стекна култна улога кај имотните семејства кои сакаат спектакуларни свадбени церемонии.
 
Кит Харингтон и Роуз Лесли (двајцата имаат по 31 година) се запознаа на снимањето на „Game of Thrones“, каде глумеа љубовници.
 
Замокот Вардхил е дом на древниот Клан Лесли, чиј член е и актерката Роуз Лесли. Нејзиниот татко, Пречесниот Александер Лесли во моментов е шеф на старешина на кланот. Овој замок е само еден од неколкуте елитни замоци кои се во сопственост на кланот Лесли и е сместен на огромен имот кој со текот на годините беше трансформиран во прибежиште за викенд и популарно место за организирање венчавки.
 
Познатиот пар ќе ги каже свадбените завети во централната хала од замокот, кој поседува дозвола за организација на венчавки и може да прими до 80 гости. На средина од имотот беше поставен шатор каде ќе се одржат свадбениот појадок и говорите по крајот на вечерата.
 
Подготовките беа во полн ек во текот на целата недела, а таму беа присутни цвеќари, кетеринг служби и членови на семејствата кои сакаа да бидат сигурни дека сите процедури ќе поминат во најдобар ред. Уште една од ѕвездите на „Game of Thrones“, Питер Динклиџ, слета на аеродромот во Абердин во петокот и ќе присуствува на свадбената церемонија. Тој е еден од најдобрите пријатели на Кит и Роуз и веројатно ќе одржи говор по вечерата.
 
За потребите на нивната прва брачна вечер, на парот ќе им стојат на располагање осум традиционално уредени спални соби во замокот. Според информациите, тие ќе ја поминат првата брачна вечер во главната спална соба, која има четирикрилен кревет.
 
Во замокот гостите ќе можат да се опуштат пред отворени камини, можат да седнат на класичен викторијански мебел и да слушаат класично пијано, сето тоа во склоп на удобноста на замокот Вардхил. Покрај овие работи, замокот има и места каде што можат присутните да се забавуваат, како на пример соби со телевизор и маси за пинг-понг.
 
Кит неодамна изјави дека побарал од продуцентите на „Game of Thrones“ на сите актери да им биде даден слободен ден за да можат да присуствуваат на свадбата. Во моментов екипата ја снима осмата и последна сезона од хит-серијата, а сите кои се поврзани со овој проект велат дека таа е најнапорна и најнеизвесна досега.
 
„Земјата е убава, бидејќи има магична светлина. Тука се заљубив, па беше логично тука да ја направиме свадбата. Ако веќе ве привлекува некој а тој истовремено е вашиот партнер во серијата, тогаш многу е лесно да се заљубите“, рече Кит Херингтон во едно неодамнешно интервју.

Помеѓу присутните на свадбата се очекуваат голем број ѕвезди од Холивуд и Велика Британија, како и членови на потесното семејство на двата актери. Останатите гости ќе бидат сместени во локални хотели во помали градови и села во близина на замокот.

Коментирај