Гаранциите со кои беа отстранети пречките Иванов да го додели мандатот на Заев

Претседателот на СДСМ и нов мандатар Зоран Заев го објави текстот од изјавата за гаранциите со кои беа отстранети пречките за доделување на мандатот од страна на претседателот Ѓорге Иванов.

Во изјавата се дадени гаранции во четири точки, кои ги објавуваме во целост.

1. Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на Република Македонија.

2. Гарантираме заштита на уставниот поредок и територијалната целина на Република Македонија.

3. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани, без оглед на етничката, религиска и јазична припадност.

4. Гарантираме дека процесот на носење на одлуки за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, недоведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава.

Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејствие кои би биле спротивни на погоре наведените ставови, не можат да бидат услов ниту основа за формирање и дејствување на Владата на Република Македонија, се вели во изјавата со гаранции потпишана од претседателот на СДСМ и нов мандатар Зоран Заев. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе