Авто новости

Гаража од соништата: 140 модерни класици одат на продажба

5. февруари 2019 - 15:19 | Д.Л.

Погледнете ја прекрасната колекција автомобили на која и се восхити и Крис Харис.

И како да не и се восхити, кога е преполна со модерни класици кои ги одбележаа последните децении - од модели на Aston Martin и Porsche, до BMW,  Renault 5 Turbo и Мercedes C126 во AMG изведба. Во тоа време, споредните детали како големината на тркалата и екраните не беа битни.

Сопственик на колекцијата е анонимен автомобилски ентузијаст кој очигледно се заситил од класиците кои на многумина од нас ни ги красеа ѕидовите од детските соби, а денес се таканаречени јангтајмери. Првите 20 примероци ќе бидат понудени на аукција веќе оваа недела, а остатокот во текот на годинава.

Коментирај