Гаснењето на пожарот на Галичица отежнато поради непристапниот терен и големиот број на детонации од гранати

Големината на огнениот фронт, тешко пристапниот терен, неповолните временски услови, како и големиот број на детонации од неексплозирани гранати, не дозволија локализација на пожарот во високата зона и полека истиот навлезе во буковите шуми на исток, запад и север, информира Центарот за управување со кризи за пожарот на Галичица.

Петнаесет волонтери на планинската спасителна служба при Црвениот крст и алпинистичкиот клуб Патагонија од Охрид заедно со 9 припадници на ренџерската служба на Националниот парк „Галичица“, од самиот почеток на пожарот се во постојана битка со огнената стихија која веќе 10 дена беснее во високо планинските предели на Галичица.

„Повремено поткрепени со тимови на ТППЕ Охрид и Ресен, ДСЗ, како и со доброволци од локалното население, во изминатите 10 дена тимовите се обидуваа да го стават под контрола пожарот во високо планинските предели на над 2.000 метри надморска височина, каде пристапот е возможен само со пешачење од најмалку 2 часа, а во неколку наврати беа транспортирани и со хеликоптер на МВР“, велат од ЦУК.

Последните три дена, волонтерите сместени во планинската куќа Спиридон, постојано се на терен и 24 часа го контролираат развојот на пожарот со цел подготвување на подобар план за делување следниот ден.

Во моментот се делува со рачно обезбедување на заштитни појаси во шумските предели, со цел заштита на што е можно поголем шумски фонд, за што дополнително се вклучени и поголем број на доброволци планинари и ловџии од Охрид и Ресен.

Синоќа дејствуваа и два воздухоплова кои им помогнаа на тимовите во навистина тешката битка.

„Иако веќе исцрпени, волонтерите на планинската спасителна служба, со целокупниот материјално технички капацитет на службата, со 3 теренски возила и едно специјално транспортно возило АТВ 6×6, како и со обезбедување на логистика во храна и вода за сите учесници во гасењето на пожарот, обезбедена од сопствениот скромен буџет и неколку компании донатори, остануваат на терен се до конечно гаснење на огнот“, велат од ЦУК.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Најголемиот светски производител на алкохол во проблеми

Read more

Македонија

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Read more

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Read more

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Read more

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Read more
 

Вести

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Читај повеќе

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Читај повеќе

79 напади со нож дневно во Германија: Младите носат нож како да е мобилен

Читај повеќе

Руски аналитичари: Путин го влече Трамп за нос

Читај повеќе

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Читај повеќе

Унгарија чекор поблиску до повлекување од Меѓународниот кривичен суд

Читај повеќе
  • filter

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Запалени три возила во Битола, едното е на политичар од СДСМ

Читај повеќе