УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Гасп бесен: Судија кој не разликува контакт од фаул треба да смени занает

Стратегот на Аталанта е бесен по вчерашниот пораз од Реал Мадрид кој дојде благодарение на црвениот картон за негов играч. Со дрва и камења удри по германскиот судија.

„Оној што не разликува контакт од фаул треба да си ја промени професијата. Не велам ништо повеќе бидејќи УЕФА ќе ме суспендира на два месеца... Во Мадрид одиме по победа“, во кратски црти е она што нервозниот Џан Пјеро Гасперини го изјави по контроверзниот натпревар одигран синоќа.

Реал Мадрид со минимални 1:0 славеше во Бергамо кај Аталанта во натпревар кој по само 17 минути ја изгуби жарта откако германскиот судија Тобиас Штилер, адвокат по професија, го уништи натпреварот со бесмислен црвен картон.

„Огорчени сме што не ни беше дозволено да го одиграме овој натпревар на нормален начин. Независно од резултатот, нашето задоволство беше тоа што играме против Реа Мадрид во Лигата на шампионите“, почна да говори популарниот Гасп.

Аталнат почна добро, но таа кобна 17-та минута потоа ја спречи „Деа“ да ја игра својата препознатлива офанзивна игра.

„Натпреварот беше уништен, не знам каков ќе беше резултатот, но натпреварот замина во еден сосена поинаков правец. Ништо не е готово, сега потребно ни е да отидеме во Мадрид и да победиме“

„Не знам што ќе се случеше доколку игравме 11 на 11, ќе беше сосема поинаков натпревар со подобра игра, поубав. Нивната техничка подготовка е на високо ниво, во играта, во поседот на топката, но ќе беше друг тип на игра, поотворена. Ние бевме почнале добро“.

Гасперини е лут бидејќи смета дека фаулот на Ремо Фројлер над Ферлан Менди ни блиску не бил до исклучување, а згора на тоа ни ВАР не му помогна на адвокатот од Хамбург да процени добро.

„Се браневме добро, но она што се случи е самоубиство за фудбалот. Не кажувам ништо бидејќи УЕФА ќе ме суспендира на два месеца... Но, не може да се делегираат судии кои никогаш не играле фудбал и не знаат да разликуваат фаул од контант. Ако не го разбираат тоа, треба да си ја променат професијата. Не треба да бидте инженер во НАСА за да ги разберете овие работи. Ова беше катастрофа. Па имаат и ВАР помош и пак не знаат да проценат ни од снимките“, бесен е италијанскиот стратег.

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Аталанта е закажан за 16 март на „Алфредо Ди Стефано“ стадионот во Мадрид.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе