ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Гасперини: Сите коцки се наредени за Валенсија да падне

Аталанта вечерва продолжува со испишувањето историја, игра осминафинале во дебитанстката сезона во Лигата на шампионите, а на гости им доаѓа Валенсија.

Тренерот Гасперини нема никакви проблеми со повредени или суспендирани играчи. Го има целиот тим на располагање.

„Лигата на шампионите е емотивна, мораме да бидеме во нашето најдобро издание. Сите коцки се наредени за да одиграме одличен натпревар. Добро е да се биде позитивен, но сепак, мораме да избегнеме летање во облаци со еуфорија“, вели стратегот Џан Пјеро Гасперини.

Факт е дека по жрепката навивачите на Аталанта ги зафати еуфорија бидејќи за противник ја добија Валенсија, веројатно најпосакуваниот противник од првиот барабан. „Лилјаците“ доаѓаат во Италија со серија од три натпревари без победа: пораз и реми во Ла Лига и пораз зачинет со елиминација во Копа дел Реј. Валенсија ја мачат и повреди, а суспендиран е дефанзивецот Габриел.

„Валенсија ги победи Ајакс и Челси на гости, тие знаат да бидат опасни. Валенсија има квалитет, но ние треба да се сконцентрираме на нашата игра. Сите се на број и едвај чекаме да играме“, најавува Гасперини.

Колумбискиот напаѓач Дуван Запата после Нова година се врати од повредата, но Гасперини најваи дека нема да стартува. Во нападот веројатно ќе бидат Јосип Иличиќ, Папу Гомес и Марио Пашалиќ.

„Запата веројатно нема да почне вечерва. Тој може да ни донесе многу квалитет со влегувањето од клупата“.

Околу 40 илјади навивачи на Аталанта вечерва ќе се појават на „Џузепе Меаца“. Блискоста на Бергамо со Милано е во прилог на популарната „Деа“ и нејзините навивачи. За потсетување, Аталанта во Лигата на шампиони игра на стадионот во Милано бидејќи нејзиниот „Атлети Аѕури д'Италија“ во Бергамо не ги задоволува критериумите на УЕФА.

Натпреварот е со почетокот во 21 часот, а ќе го суди Англичанецот Мајкл Оливер.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе