СЕРИЈА А 2019/20

Гасперини за пеналите на Јуве: Ова го има само во Италија

Тренерот на Аталанта е бесен поради начинот на кој се интерпретираат пеналите во корист на Јувентус, а најнова жртва на таквите судиски одлуки беше неговиот тим.

Аталанта го надигра Јувентус во саботата и тоа на гостински терен. На два пати водеше, но секој пат главниот судија му даваше пенал на домаќинот и Кристијано Роналдо израмнуваше. Двата пенала беа поради игра со рака: еден кога топката дури бегаше од шестнаесетникот, а другиот при блок. Ниту луѓето од ВАР собата не се осмелија да ја променат одлуката.

„Првиот пенал е јасен. Правилата во Италија се такви и за мене тие се ерес. Сега ни се случи нам и тоа е тоа. Дали и во другите првенства вака се судат? Не. Што да направиме, да им ги ампутираме рацете на играчите? На малите деца им се врзуваат рацете зад грбот за да научат да дриблаат... Она што треба да се промени е интерпретацијата на правилата“, смета Џан Пјеро Гасперини.

ФИФА лани донесе одлука за промена на интерпретацијата на играта со рака при судењето на пенали напоменувајќи дека ако играњето со рака не е намерно не треба да се суди доколку раката е во природна положба. Во Италија таквата интерпретација сезонава за едни се применува, но за други не.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе