Гастрономски мапи: По кои јадења е најпозната Македонија?
Националната кујна е голем дел од културниот идентитет на една земја и народ.
Некои земји имаат толку популарни јадења што се познати и имаат свои верзии низ целиот свет: пица, суши, баклава, тортилја, бургер...
TasteAtlas направи 30 мапи во кои ги претстави најпопуларните јадења во секоја земја во светот.
Сигурно се прашувате по кои јадења е позната Македонија?
На мапата на Европа како „заштитен знак“ е македонското гравче-тавче, а во подеталната мапа за сирења блеснува беровското сирење.
Погледнете ги мапите за да видите по кои други јадења сме познати, но и да научите нешто повеќе за гурманските специјалитети на земјите низ светот.