ГО ЗАМЕНИ ПОРАНЕШНИОТ МЕНТОР

Гатузо е новиот тренер на Наполи и на нашиот Елиф Елмас

Легендата на Милан Џенаро Гатузо официјално е новиот тренер на Наполи, потврди клубот преку социјалните мрежи.

Гатузо доаѓа на клупата на неаполитанците на местото на Карло Анчелоти кој по победата против Генк со 4:0 и пласман во осминафиналето на Лигата на шампиони доби отказ, а причината за тоа се лошите резултати во Серија А каде Наполи не се конкуренти за титулата прваци во споредба со Интер и Јувентус.

Поради тоа, претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис одлучи да му врачи отказ на Анчелоти и на негово место на клупата го доведе Гатузо од кого очекува со својата жестока работа да ги разбуди играчите на Наполи и да ги врати во борба за титулата.

Гатузо со голем успех го водеше ослабнатиот Милан минатата сезона и до последното коло беше во борба за пласман во ЛШ, но со оглед на тоа дека тогашниот состав на тимот не беше доволно добар, челниците на клубот му се заблагодарија на Гатузо за ангажманот и го донесоа Марко Џампаоло од Сампдорија.

Гатузо (41) доаѓа на позицијата на својот поранешен ментор - Анчелоти му беше тренер кога играше во Милан.

Ова значи дека Гатузо ќе му биде тренер на нашиот репрезентативец, младиот Елиф Елмас, a според италијански La Gazzetta dello Sport, Елмас ќе добива значително повеќе шанси да се покаже под негово водство.

Наполи сега се наоѓа на седмата позиција во Серија А со 21 освоен бод, дури 17 помалку од Интер кој е на прво место.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе