Фудбал

Гатузо: Изгубивме поради наши грешки, не бидејќи Јуве беше супериорен

7. април 2019 - 9:59 | МИА/КАЈГАНА

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека неговиот тим загубил со 1:2 на гостинската средба кај Јувентус поради свои грешки, а не поради супериорноста на „Старата дама“.

– Ова беше нашиот најдобар натпревар за 2019 година. Изгубивме во последните 18-20 минути, не поради тоа што Јуве се справи добро, туку поради нашите грешки. Овие работи може да се случат во фудбалот, рече Гатузо за Sky Sport Italia и одби да го коментира судењето на мечот.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, беше претпазливо славенички настроен по победата над најголемиот ривал.

„Важно беше да победиме, секогаш е специјална средбата Јувентус-Милан. Сега ни треба победа или нерешено. Имаше добра реакција од играчите, некои од нив не играле многу во последно време. Првото полувреме не беше добро, бевме малку хаотични, но по паузата бевме многу поорганизирани и почисто ја водевме топката.“

Коментирај