Хајдук денеска во 16 часот во Пољуд го претставува Џенаро Гатузо (46) за нов тренер.

Најавена е прес-конференцијата на која ќе присуствуваат претседателот на хрватскиот клуб Хајдук Иван Билиќ и спортскиот директор Никола Калиниќ.
За потсетување, сплитскиот клуб во средата на 12 јуни објави дека легендарниот Италијанец ќе го води тимот во новата сезона. Тој потпиша двегодишен договор, а тимот ќе го преземе од почетокот на подготовките.
Гатузо вчера слета во Сплит, а на аеродромот го пречекаа, меѓу другите, Билиќ и Калиниќ. По доаѓањето, Хајдук сподели видео на социјалните мрежи, а денеска и официјално ќе биде претставен во прес-салонот на Пољуд. Хајдук пред претставувањето објави видео на социјалните мрежи како најава за голем настан за сплитскиот клуб.
Навивачите и хрватската јавност во коментарите реагираа дека е сосема несоодветно што тренерот во видеото е најавен во стилот на италијански мафијаш, па дури е одбран и фонт налик легендарниот фонт од постерот за филмската трилогија „Кум“.