Гатузо: Резултатот не е реален, но плативме за нашите грешки

Рим, 10 мај 2018 (МИА) - Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо беше видно разочаран по поразот на Милан од Јувентус со 0:4 во финалето на Купот на Италија.

Поранешниот фудбалер на „росонерите“, сепак, смета дека резултатот не го одразува реално односот на силите на теренот, но признава дека неговиот тим дозволил грешки кои биле казнети од „Старата Дама“.

„Тоа е суштината на фудбалот. Резултатот не е реален, но плативме за нашите грешки. Педесет и шест минути направивме сé како што треба, а Јувентус не можеше да нѐ натера да покажеме слабост. Ние мора да го прифатиме овој пораз, да го анализираме мирно. Вината за овој резултат е поради нашите сопствени грешки и тоа мора да се знае“, изјави Гатузо по натпреварот на „Олимпико“ во Рим.

Гатузо додаде дека за пласман во Лигата на Европа во следната сезона, „росонерите“ ќе мора да покажат подобар фудбал во последните дуели од сезоната во Серија А.

„Имаме две натпревара со ривали во добра форма. За да влеземе во Лигата на Европа ќе мора да играме многу подобро отколку во финалето за Купот. Го оставаме овој резултат во минатото, ќе разјасниме каде сме грешеле и продолжуваме напред“, рече Гатузо.

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри пак изјави дека освојувањето на Купот е сосема заслужено и ја посочи следната цел која стои пред „црно-белите“.

„Останува да го земеме и Скудетото и да уживаме во оваа необична сезона. Го освоивме трофејот целосно заслужено, не сме украле ништо од Милан, кој играше многу добро во првото полувреме. Пред натпреварот, им реков на момчињата да продолжат да ги радуваат своите фанови и клубот. Мило ми е што сега слават“, рече Алегри.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе