Рома сѐ уште бара замена за Иван Јуриќ кој доби отказ веднаш по поразот од Болоња со 3:2.
Јуриќ не се снајде најдобро во Рим, поради што газдите, семејството Фридкин, бара нов тренер.
Повторно се споменува Де Роси, кој пред два месеца доби отказ. Тој самиот истакна дека никогаш не ѝ ја затворил вратата на Рома. Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Ден и Рајан Фридкин, сопствениците на Рома, биле во Лондон каде преговарале со потенцијални тренери.
Фридкин не сакаат Италијанец за тренер, за разлика од спортскиот директор Гисолфи, па американските сопственици преговарале со Грем Потер и Ерик тен Хаг.
Тоа што беа во Лондон и не преговараа со Лампард веројатно го исклучува поранешниот капитен на Челси како наследник на Јуриќ.
Тен Хаг е скап, но сепак прифатил да разговара со Ден и Рајан Фридкин. Сѐ уште не е познато како завршил разговорот.
Рома, според шпекулациите, викендов треба да добие нов тренер, а дотогаш тимот ќе го води Џанлука Фалсини, првиот човек на младинскиот тим.