Руската компанија Газпром денеска соопшти дека притисокот во гасоводите Северен поток е стабилизиран и оти престанало истекувањето гас од оштетените места на гасоводите.
„Притисокот во цевководот А на Северен поток 2 и во двата цевковода на Северен поток 1 се стабилизирани по прекинот, истекувањето гас престана“, соопшти Газпром.
Газпром соопшти дека работи на намалување на притисокот на цевководот Б од гасоводот Северен поток 2.
Руската компанија исто така изјави дека работи на намалување на ризикот за животната средина.