КУП БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ БУШТУР 2020/21

Гечевски: Наша чест и обврска е да се запамети името на Буштур

Спортскиот директор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Тодор Гечевски, ја отвори денешната прес-конференција за завршницата од Купот во машка конкуренција со посвета. Посвета кон оној чие име од ова издание ќе го носи националниот Куп „Благоја Георгиевски Буштур“.

„Периодот што измина беше еден тежок за кошарката во Македонија. Изгубивме доста видни личности кои придонесоа за развој на кошарката и она што сме ние денеска, и кошаркари и кошаркарски работници. Од сите имиња кои ги изгубивме, едно име се издвојува, тоа е името на големиот кошаркар, тренер, спортски работник и на крајот еден голем човек – Благоја Георгиевски Буштур“, потенцира Гечевски.

„Ние како раководство на федерацијата едногласно одлучивме дека неговото име треба да биде запишано во историјата, но и во иднината на македонската кошарка, па затоа се договоривме дека во иднина Купот на Македонија ќе го носи неговото име. Наша чест и обврска е да се запамети неговото име, да остане во сеќавањата на сите, да остане како пример на сегашните работници и да остане на едни идни генерации кои следејќи го неговиот пример ќе направат сѐ за македонската кошарка да биде сѐ поголема и поквалитетна, додаде тој.

„Се надевам дека сите присутни овде се надеваат на добра игра, на победи и на крајот на краиштата ние како Федерација се надеваме на добра кошарка и дека најдобриот ќе го однесе пехарот дома. На сите присутни им посакувам среќа и ферплеј, сѐ да заврши како што треба“, заврши спортскиот директор на КФСМ.

Распоред на натпреварите:

14 мај четвртфинале:
12:00 часот:
Пелистер - ФМП Академија (1)
14:30 часот:
Работнички - ТФТ (2)
17:00 часот:
Еуро Никел - Гостивар (3)
19:30 часот:
МЗТ Скопје - Куманово (4)

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 15-ти од 17:00 Победник 1 - Победник 4 и од 19:30 часот Победник 2 - Победник 3, а големото финале е закажано за в недела од 17:30 часот.

Директен пренос од сите четвртфинални и полуфинални натпревари ќе оди на МРТ3, додека големото финале ќе се прикажува на МРТ1.

Сите натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје без присуство на публика.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Кошарка

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе