Гејмер направи симулатор за играње од Alfa Romeo

Современите видеоигри поврзани со автомобил имаат ултра реалистична графика, но сепак е тешко да се повтори чувството на возење вистински автомобил додека гејмерот седи во својот дом.

Сепак, еден гејмер од Полска најде начин донекаде да го реши проблемот, со тоа што направи симулатор користејќи ја внатрешноста на вистински автомобил.

Адријано поседува и вози Alfa Romeo 147, но е обожавател на моделот Brera. Затоа тој ја искористи внатрешноста на Brera за да направи симулатор за игри во својот дом. Проектот го почна со волан Logitech G29 и додаде различни делови на автомобилот за конечно да ја реализира својата визија.

Резултатот е одличен симулатор, кој изгледа навистина импресивно. Кокпитот е преземен од Alfa Romeo 159/Brera вклучувајќи голем дел од контролната табла со инструмент таблата, отворите за воздух и целата централна конзола. Бирачите, звучниот систем и контролите се осветлени, а портокаловото осветлување на алуминиумските педали одговара сосема.

Адријано купи и седиште што го постави на фабричките шини, а од моделот Giulia на Alfa набави мултифункционален волан и направи одредени модификации за да одговара на новата улога.

Воланот, педалите и менувачот се целосно функционални. Целото поставување е компатибилно со компјутерот, но и со конзолата на PlayStation. Следната цел на Адријан е да овозможи бројчаниците да ги следат оние во играта, но оваа функција ќе биде можна само за игрите на PC.

реклама

Дијагнозата на рак повеќе не е смртна казна, 60% од случаите немаат јасна причина

Read more

Кина се закани дека ќе преземе акција откако САД го соборија балонот

Read more

Twitter пукна од смеа за фотката на Ендрју Тејт со коса

Read more

Синоќа се случи еден од најспектакуларните нокаути досега

Read more

Гејминг

Игрицата Redfall на Xbox и PC носи лов на вампири во отворен свет

Read more

Гејмери објавија тајни на американски борбени авиони

Read more

Sony најави 13 нови наслови за PlayStation VR2

Read more

Како се менуваше легендарната игра FIFA од 1993 година до денес?

Read more
 

Гик

Што значи буквата i во зборот iPhone?

Читај повеќе

Vivo X90 и X90 Pro пристигнаа на меѓународниот пазар

Читај повеќе

Бил Гејтс му одржа лекција на Маск за трошењето пари

Читај повеќе

Пакистан ја блокираше Wikipedia поради сакрилегија

Читај повеќе

Сè поголем притисокот врз Apple и Google да го забранат TikTok

Читај повеќе

Instagram тајно работи на наплата за верификуван профил

Читај повеќе

Бил Гејтс: Подобро да платам за вакцини отколку за патување на Марс

Читај повеќе

Колку чини денес неотпакуван iPhone од првата генерација?

Читај повеќе
  • play_arrow

Razer го претстави своето најлесно гејмерско глувче досега

Читај повеќе