Гејмери објавија тајни на американски борбени авиони

Љубителите на „War Thunder“ објавија потенцијално чувствителни информации за борбените авиони F-16 и F-15E.

Перфекционистите од онлајн игриците кои дебатираат за прецизното моделирање на нивното најпосакувано оружје, ненамерно повторно открија воени тајни на интернет, овој пат објавувајќи чувствителни информации во две одделни прилики за само една недела за борбените авиони F-16 и F-15, произведени во САД.

Игрицата за која станува збор е „War Thunder“, чии играчи претходно објавиле некои потенцијално класифицирани делови за британскиот борбен тенк Challenger-2, францускиот тенк Leclerc и кинеските противоклопни гранати DTC10-125, меѓу другите. Последните обелоденувања се однесуваат на F-16 Fighting Falcon, изграден од американскиот одбранбен изведувач General Dynamics, и McDonnell Douglas F-15E Strike Eagle.

Како и другите протекувања, и овие се појавија на форум за дискусија за „War Thunder“, каде играчите на реалната онлајн игрица честопати ја превидуваат точноста на нивниот преправен воен хардвер, објави PC Gamer. Во дискусијата за F-16 што се влече од средината на 2022 година, еден од играчите напиша на 16 јануари за „интересна работа што ја најдов за време на моето истражување“.

Remote video URL

Иако коментарот сам по себе не е премногу чувствителен, играчот, познат како spacenavy90, приложи документ за да ги докаже своите тврдења за ракетите AIM-120 управувани од радар и контролната табла на пилотската кабина на авионот. Документот има ограничено овластување за дистрибуција, според модераторот на форумот.

Само два дена после тоа, друг член на форумот, RanchSauce39, наводно објавил збирка софтверски прирачници за Оперативната програма за летање за F-15E, вклучувајќи детали за неговите контроли на летот, таргетирање и системи за оружје.

Како и во слични случаи кои вклучуваат други системи на оружје, чувствителните информации беа отстранети откако беа означени од модераторот и развивачот на играта. Дистрибуирањето на ограничени воени податоци на неовластени места, како што е форум за онлајн игрици, може да резултира со граѓански или кривични санкции.

Споредба на F-16 Fighting Falcon и McDonnell Douglas F-15E Strike Eagle

Игрицата „War Thunder“, која е развиена од Gaijin Entertainment, компанија со седиште во Будимпешта со различно руско потекло, им овозможува на играчите да се борат едни со други користејќи историски и модерен воен хардвер. Многу од играчите привлечени од игрицата се опседнати со прецизноста и ги притискаат дизајнерите на истата да го направат точен секој детаљ - во некои случаи поддржувајќи ги нивните аргументи со ограничени материјали, како што е класифицираниот прирачник Challenger-2 што беше споделен во јули 2021 година.

„Секогаш од нашиот форум што е можно поскоро бришеме објави што содржат класифицирани или ограничени информации“, наведоа од Gaijin во соопштение до PC Gamer. „Им забрануваме на нашите корисници да споделуваат вакви документи на нашите платформи. Повторно и повторно ги потсетуваме нашите корисници дека тоа е и нелегално и бесмислено, па затоа никогаш не треба да го прават тоа. Никогаш не користиме вакви документи во нашата работа“.

Во меѓувреме, гејмерот вети дека „ќе бидам повнимателен околу техничките информации што ги објавувам“, изјави Spacenavy90 за PC Gamer. „Се надеваме дека ќе го оставиме ова прашање зад нас“.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе