Гејтс: Пандемијата го запре напредокот во борбата против сиромаштијата

Пандемијата на коронавирусот запре 20 години напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, смета коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Извештај на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, објавен денеска, покажува дека речиси според секој показател, светот заостанува во обидите да ги исполни целите на ОН за одржлив развој со цел ставање крај на сиромаштијата и намалување на нееднаквоста.

Екстремната сиромаштија се зголеми за седум проценти поради пандемијата, се вели во годишниот извештај на фондацијата.

Покриеноста со вакцини – мерка за функционирање на здравствените системи – падна на нивоа што последен пат беа видени во 90-тите години на минатиот век, „уназадувајќи го светот 25 години за 25 недели“.

Податоците исто така покажуваат дека економските последици од пандемијата ги зголемуваат нееднаквостите, особено за жените, расните и етничките малцинства. Особено се погодени луѓето што живеат во услови на екстремна сиромаштија.

Во извештајот кој Бил и Мелинда Гејтс го објавуваат заедно секоја година од 2017 година, тие повикуваат на глобална соработка во развојот на дијагностиката, вакцини, лекувања, брз развој на вакцини и дози, и фер испорака на овие средства врз основа на потреба, а не на способност за плаќање.

– Глобалната криза е заедничка и бара заеднички одговори, стои во извештајот.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе