Гејтс: САД наскоро ќе почнат да даваат вакцини на другите земји

Мелинда Гејтс, коосновачка на една од најголемите добротворни организации во светот, смета дека властите во САД наскоро ќе донесат одлука колку од своите резерви на вакцини може да донираат на другите земји на билатерална основа и во рамките на глобалната иницијатива КОВАКС. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Гејтс кажа дека не треба да се чека додека биде вакцинирано целото население на САД и дека американските власти ја сфаќаат неопходноста од вакцинација на целиот свет за запирање на пандемијата. 

-Мислам дека властите на САД ги оценуваат своите резерви на вакцини и решаваат колку треба да се даде во рамките на КОВАКС или на билатерална основа, затоа сметам дека ќе набљудуваме некакви движења во тој правец, изјави Гејтс во интервју за денешен Financial Times.

Интервјуто е направено пред денешната објава дека Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат. 

Според неа, богатите земји не треба да чекаат да биде вакцинирано целото население сè до малолетниците, па потоа да ги споделуваат дозите со посиромашните земји со понизок стандард. Таа предлага да се направи некаков возрасен дијапазон, од 20 до 30 години.

Мелинда Гејтс истакна дека треба да се засили предавањето на технологија за производство на вакцините.

-Моментално, главниот прoблем е поврзан со производството. Имаме недоволно ресурси за производство, недоволно капацитет во местата каде што треба, а земјите кои имаат свое производство прават резерви на вакцините. Тоа треба да се смени, изјави таа. 

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е една од највлијаталните организации во светот на здравството на глобално ниво и лани издвои околу 1.75 милијарди долари за борба против COVID-19. Сопружниците раководат со фондацијата заедно.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе