Генчовска: Позицијата на Бугарија за македонскиот јазик останува непроменета

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за време на прес-конференцијата по потпишувањето на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Северна Македонија, истакна дека во билатералните односи, Бугарија не го признава официјалниот јазик на Северна Македонија.

– Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик. Во контекст на преостанатите 26 земји-членки, сепак, тие имаат свои позиции и ние никако не можеме да ги обврземе да го прифатат нашиот став. Но, бугарската позиција е загарантирана во целата преговарачка рамка, изјави Генчовска.

Важно е, посочи Генчовска, дека отсега ниту еден документ во процесот на приклучување на Северна Македонија кон ЕУ, „не може да се сфати како бугарско признавање на постоењето на т.н. македонски јазик“.

– И тоа е јасно опишано во едностраната декларација што Бугарија ќе ја претстави во понеделник за време на Комитетот на постојани претставници, рече министерката за надворешни работи и додаде дека оваа декларација ќе биде претставена и во следните чекори на европско ниво и ќе биде поздравена од Советот на ЕУ.

Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска рече дека при одредувањето датум за првата меѓувладина конференција од страна на Чешкото претседателство со ЕУ, Република Северна Македонија ќе има политичка меѓувладина конференција, а потоа властите во Северна Македонија треба да ја започнат процедурата, да се смени Уставот со цел во него да се вклучат и локалните Бугари.

Како што информираше, дури потоа ќе има втора меѓувладина конференција на која всушност ќе започне преговарачкиот процес, но тоа ќе зависи од властите во Северна Македонија.

– Може да трае три месеци, како што беше случај кога името на Република Северна Македонија се промени, но може и да продолжи и две години, рече Генчовска.

Бугарската министерка за надворешни работи изјави дека вистинските преговори за Албанија може да започнат веднаш по првата меѓувладина конференција.  

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе