Геолозите предупредуваат: Њујорк тоне поради облакодерите

Новото истражување на Геолошкиот институт на САД покажа дека поради тежината на облакодерите и другите згради, Њујорк просечно тоне од еден до два милиметри годишно, а некои делови тонат многу побрзо.

На прв поглед ова не е загрижувачко, но експертите ги загрижува фактот што овој процес го прави Големото јаболко исклучително ранлив град на природни катастрофи, пишува New York Post.

Еден од нив е водачот на истражувањето и геолог Том Парсонс од Геолошкиот институт на САД, кој вели дека студијата покажала дека особено загрозена е областа на Долен Менхетн, како и населбите Бруклин и Квинс.

Тој и неговите колеги ја пресметале кумулативната маса на повеќе од милион згради и ја процениле на околу 764.000.000 тони, а потоа ја поделиле целата површина на површини од 100 квадратни метри за да го пресметаат притисокот врз основата на секоја зона.

Тие потоа ги споредија нивните пресметки со сателитски снимки кои можат да ги мерат промените во висината на површината на копното и ги мапираа отчитувањата преку нивните проценки низ градот за да го споредат нивниот модел со податоците од реалниот свет.

Градот со околу 8,4 милиони жители се соочува со опасност од поплави бидејќи во таа област ризикот од покачување на нивото на морето е три до четири пати поголем од глобалниот просек долж брегот на Атлантикот на Северна Америка, се наведува во извештајот на експертите.

Ситуацијата може да се влоши со урагани и бури кои стануваат сè почести и пожестоки, истакна Парсонс, потсетувајќи на жртвите и големата штета предизвикана од двата неодамнешни урагани, Сенди (2012) и Ајда (2021).

Емисиите на стакленички гасови имаат ефект на „намалување на природната бариера за смолкнување на ветерот долж источниот брег на САД, што значи почести урагани со висок интензитет во наредните децении“.

„Комбинацијата на тектонско и антропогено слегнување, пораст на нивото на морето и зголемување на интензитетот на ураганите укажуваат на растечки проблем долж крајбрежните и речните области“, вели Парсонс, укажувајќи на „повторената изложеност на темелите на зградите на солена вода, која може да го кородира челикот за зајакнување и хемиски го ослабне бетонот, предизвикувајќи и структурно слабеење“.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Чек дис аут

Работи што е тешко да ги правиш додека трчаш

Read more

Трикови за шминкање со Дејвид Бекам

Read more

10 мистерии за Бермудскиот триаголник кои никој не може да ги објасни

Read more

Урнебесно: Палаво куче истрча на терен и им ја украде топката на играчите

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Работи што е тешко да ги правиш додека трчаш

Читај повеќе

Како правилно се чистат екраните?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трикови за шминкање со Дејвид Бекам

Читај повеќе

Кои се најчести знаци на зголемена простата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Читај повеќе

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Читај повеќе

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Читај повеќе

Зошто годинава симптомите на алергија се полоши од вообичаено?

Читај повеќе

Дебелите момчиња често стануваат неплодни мажи, открива нова студија

Читај повеќе