ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Георгиевски е во финале, Македонија има олимписки медал

Македонија ќе има медал од Олимпијадата во Токио откако теквондистот Дејан Георгиевски обезбеди финале и ќе се бори за златото.

После 21 година и ЛОИ 2000 во Сиднеј, конечно македонски олимпиец ќе се врати со медал. Тогаш борачот Магомед Ибрагимов освои бронза, а сега теквондистот Георгиевски отиде чекор подалеку и ќе се врати дома со злато или најмалку сребро.

Откако утринава прво го елиминираше светскиот шампион Рафаел Алба од Куба, а потоа во четвртфиналето го исфрли и Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска, предмалку во полуфиналето го совлада и Ин Кјо-дон од Јужна Кореја, земјата од каде и што потекнува овој спорт.

Ин прв освои поен и тоа со неговиот препознатлив стил, удар со рака. Потоа Кореецот доби казнен поен, што беше прв во корист на Георгиевски, за потоа Македонецот со два одлични удари со нога да поведе со 5:1. Георгиевски продолжи да доминира и на крајот со 12:6 обезбеди финале.

Пречка до златото за македонскиот теквондист ќе биде Русинот Владислав Ларин кој во полуфиналето буквално го прегази Кинезот Сун Хонји со 30:3. Борбата е закажана за 14:45 часот по македонско време, а пренос ќе оди на МРТ1.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе