Георгиевски: Изнесов старо-нови идеи за излез од ќорсокакот со Бугарија

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози што ги изнесе за да се реши проблемот со Бугарија, било да се стават старо-нови идеи на маса со цел излез од ќорсокакот со Софија.

-Без никаква координација, како што гледате се оградија и од едната и од другата страна, ја дадов оваа идеја за да излеземе од ќорсокакот во кој се наоѓаме после бугарското вето што се случи пред три-четири месеци, а како што ми стои работата и наредната сесија, не гледам дека нешто посериозно се случува, оценува Георгиевски.

Вели дека тоа било идејата, да се стават старо-нови идеи на масата, некои идеи малку модифицирани и да се тргне напред кон решавање на проблемот.

-Имаме конкретен проблем – Македонија е блокирана во евроатлантската интеграција и ни треба решение како да излеземе и како да одиме напред. Навистина сметам дека Македонија не заслужува да изгуби 20 години во дискусија со Бугарија, туку и две години да ги изгуби мислам дека се многу на патот на европската интеграција, рече Георгиевски.

Како што кажа, отсекогаш кршел табуа во политиката од деведесетите години и според него, во минатото Македонците биле порасположени за Југославија.

Георгиевски обелодени и дека бил прв што ја предложил додавката Северна Македонија. Смета дека тој го направил најпатриотскиот чин во однос на Бугарија.

-Со една декларација во која нема ниту една обврска кон Македонија затворивме прашање кое стоеше една деценија со Бугарија и ги почнавме добрите односи со Иван Костов. Со таа декларација, Македонија требаше да биде само пријател со Бугарија, ништо повеќе, никакви историски, етнички, идентитетски обврски, истакна Георгиевски.

Георгиевски во саботата на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, „ќорсокакот во односите со Бугарија“. Тој предлага Северна Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон Источна Македонија и нема да го помага македонското малцинство во Бугарија. Понатаму, бугарскиот Парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година. Натаму тој се залага за промена на стратегијата на историските комисии, а последно тој предлага македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе