Георгиевски: Одлично е чувството да ја израдуваш македонската јавност

Теквондистот Дејан Георгиевски ги сподели вечерва со македонската јавност своите први импресии по освојувањето на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио.

– Чувството е одлично да се израдува македонската јавност. Во моментов сум навистина под големи импресии и не можам да кажам ништо повеќе, рече Георгиевски во директното јавување од Токио за дневникот на телевизија Сител.

Георгиевски посочи дека клучен момент на неговиот пат кон олимпиското одличје била првата борба против актуелниот светски првак, Кубанецот Алба Кастиљо.

– Најголем предизвик беше првата борба, бидејќи тука го скршив мразот. Но, како што најавував и претходно, тука се дојдени најдобрите и мојата цел беше да ги победам сите, изјави Георгиевски.

Тој додаде дека атмосферата во македонскиот олимписки тим во Токио е на завидно ниво.

– Сите си даваме меѓусебна поддршка и се мотивираме едни со други, и се надевам дека и другите наши натпреварувачи ќе постигнат голем резултат, додаде Георгиевски.

Тој попладнево му го донесе на македонскиот спорт првиот олимписки медал по 21-годишна пауза, откако настапи во финалето во категоријата над 80 килограми, во кое по голема борба загуби со 15:9 од главниот фаворит на олимпискиот турнир, Русинот Владислав Ларин.

На патот до финалето македонскиот теквондист ги совлада актуелниот светски првак Алба Кастиљо, Сејду Гбане и Ин Дон.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе