Георгиевски: Ветивме медал, донесовме сребро, верувам дека следниот ќе биде златен

Македонскиот спортски херој, освојувач на сребрен медал од Олимпијадата во Токио во теквондо +80 килограми, Дејан Георгиевски вечерва им се обрати на своите поддржувачи на скопскиот плоштад кои дојдоа да го поздрават големиот успех.

– Немам зборови со кои можам да го опишам чувството. Мојот тренер Дарко Костовски, од трибините ми даваше дополнителна енергија во секоја борба кога ми беше најпотребно. Од почетокот е со мене и многу карактеристики ги прифатив од него. Другиот тренер Борче Костовски е исто така „виновник“ за медалот од Олимпијадата. Тој ја направи прецизно стратегијата која нè донесе до успехот. Благодарност до семејството кое ми даваше безрезервна поддршка. Ветивме златен медал, донесовме сребрен, но уверен сум во Париз 2024 година ќе биде злато. Како и да е ветувањето за медал го исполнивме.

- Сигурен сум дека на следните Олимписки игри ќе имаме повеќе А-норми и медали, посебно во теквондо. Им посакувам успех на другите Македонци кои останаа во Токио. Посакувам да ја израдуваме Македонија повторно. Да живее Македонија, истакна Георгиевски во обраќањето до присутните во центарот на Скопје.

Георгиевски попладнево се врати од Токио, а во текот на денот имаше средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе