Герасимовски синоќа на терен во Капиштец и Дебар Маало: Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живот на граѓаните се мојот приоритет

Во текот на изминатата ноќ, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, и директорот на ПОЦ, Душко Коцевски, спроведоа заедничка акција на терен со цел подобрување на безбедноста и јавниот ред и мир.

Акцијата се спроведе на најфрекветните делови во Дебар Маало и Капиштец. Посебно внимание се посвети на зголемување на безбедноста, сообраќајниот метеж, непрописно паркираните возила, прекумерната бучава од локалите и јавниот ред и мир.

Градоначалникот Герасимовски посочи дека проблемите со кои со соочува Општината и жителите на Дебар Маало и Капиштец мора да се решат.

„Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живот на граѓаните се мојот приоритет. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, со цел да ја подобриме состојбата во нашата Општина. Вечерва сме на терен во заедничка акција и постојано ќе излегуваме. Се надевам дека континуираните санкции за прекршување на законите ќе вродат со плод“, изјави Герасимовски.

„Општина Центар апелира до сите граѓани за поддршка и соработка затоа што поддршката е од клучно значење за успешноста на ваквите активности. Герасимовски е благодарен за поддршката на граѓаните поврзана со вандализираните детски игралишта и очекува силна соработка поврзана и со овие проблеми. Општина Центар и Герасимовски ја поддржа петицијата на граѓаните која ја поднесоа до МВР, Државниот пазарен инспекторат и останатите институции со цел да се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објекти. Само заедно можеме да ја направиме нашата Општина подобро и побезбедно место за живеење“, велат од централната скопска општина.

реклама

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Македонија

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

Read more

Ахмети: Албанците се соочуваат со опасна офанзива

Read more

Мојсоска: Ниту една оставка од морални причини, додека во Србија цела влада се распушти

Read more

Родителите на загинатите во Кочани на средба со Тошковски

Read more
 

Вести

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

Читај повеќе

Ахмети: Албанците се соочуваат со опасна офанзива

Читај повеќе

Мојсоска: Ниту една оставка од морални причини, додека во Србија цела влада се распушти

Читај повеќе

100 дена Трамп

Читај повеќе

Adidas: Нашите патики ќе поскапат поради царините

Читај повеќе

Шпанците по прекинот на струја: Преживеавме пандемија, поплави, вулканска ерупција, сега и ова

Читај повеќе

Родителите на загинатите во Кочани на средба со Тошковски

Читај повеќе

Хрватска со нов закон за гробишта: Четничките споменици ќе бидат отстранети во рок од 30 дена

Читај повеќе

Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневен прекин на огнот

Читај повеќе