Живот

Германците лани потрошиле 88 милијарди евра на патувања и одмори

19. март 2017 - 14:58 | Макфакс

Германците минатата година, и покрај стравувањата од терористички напади, потрошиле рекордни 88 милијарди евра на туристички патувања и одмор, покажуваат податоците претставени на саемот на туризам во Берлин.

Желбата за патувања и планови за одмор и натаму се доста големи кај Германците: и годинава дури 69% планираат заминување на одмор, додека 12% рекле дека нема да патуваат, а останатите сѐ уште не донеле одлука.

Тероризмот не влијаел толку на одлуката да се патува, колку што имал влијание врз изборот на дестинацијата.

Дури 38% од Германците рекле дека го пресметале овој светски проблем во своите туристички цели,  па така минатата година Турција ја посетиле 23% помалку Германци отколку во 2015 година, а Северна Африка дури 29% помалку германски туристи. Интересот на Германците за летување во Франција исто така значително бил намален.

Германија минатата година била најомилените туристичка дестинација на своите државјани: дури 30% од нив ги искористиле своите кратки одмори во татковината,  а особено е омилена поранешната источногерманска покраина Мекленбург-Предна Померанија, лоцирана на брегот на Балтикот и границата кон Полска.

Шпанија уште е најомилената странска туристичка дестинација за Германиците: минатата година 14,8% од Германците таму ги поминале своите одмори, нешто повеќе отколку во 2015 година. По Шпанија следи Италија со непроменети 8,2%, па Турција со 5,6%, Австрија со 4,6% и Грција во која минатата година се одморале 3,5% од Германците.

Коментирај