Германците направија домаќин робот: Брише прашина, готви, пегла...

Германскиот производител на роботи Neura објави видео на кое е прикажан хуманоидниот робот на компанијата наречен 4NE-1.

Хуманоиден робот може да извршува различни секојдневни задачи, од составување работи, преместување пакети, сечење зеленчук до пеглање маици. Сепак, под кои услови роботот може да ги извршува овие и други работи допрва треба да се објави.

Во секој случај, роботот претставува надеж за иднината на хуманоидните роботи и буди љубопитност за проектите на Neura.

На веб-страницата на компанијата се наведува дека хуманоидниот робот 4NE-1 е способен да извршува различни дневни и индустриски задачи. Треба да се напомене дека Neura има пристап до услугите, моделите и компјутерските платформи на Nvidia, кои ги користеше за развој, обука и производство на следната генерација на хуманоидна роботика.

Во видео објавено на YouTube се споменуваат и заслугите на Nvidia во остварувањето на сонот, а тоа е хуманоидниот робот да стане реалност и тоа многу брзо.

Роботот е висок 1,8 метри, што е просечна висина на човекот. Тежи 80 килограми и лесно може да носи товар тежок 15 килограми. 4NE-1 функционира на платформата Neuraverse и може да се движи со брзина до 3 км/час.

Remote video URL

Еден од многуте X-фактори на хуманоидниот робот е тоа што неговите раце можат да се менуваат во зависност од потребите и целта.

Од компанијата велат дека роботот може да преземе различни задачи од луѓето дома и на работното место. Целта е хуманоидните роботи да бидат што подобро прифатени и луѓето да се фокусираат на „добрите работи во животот и да го користат своето време за креативни или забавни активности“.

Во видеото роботот 4NE-1 извршува различни секојдневни активности, а од компанијата велат дека може да се контролира и од далечина. Покрај тоа, тој има кожа опремена со сензори, како и напредни способности за учење за да стане подобар во својата работа.

Neura е една од бројните компании кои прават напори да развијат хуманоидни роботи кои ќе бидат широко прифатени. Компанијата Tesla има и програма во која развива хуманоиден робот наречен Optimus. Според основачот и извршен директор на Tesla Илон Маск, овој робот би можел да се најде на пазарот веќе следната година.

реклама

Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении

Read more

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Кромидот останува свеж еден месец подолго ако се чува на правилно место

Read more

Два авиона биле блиску до судир на небото над Скопје, започната истрага

Read more

Вести

6 опасни астероиди итаат кон Земјата, првиот доаѓа на 5 октомври

Read more

5 вистини поради кои биолошкото оружје предизвикува страв ширум светот

Read more

Како исчезнале Викинзите? Вистината зад легендарната загатка

Read more

Што ќе му недостига на новиот Mac mini?

Read more
 

Гик

  • filter

Познато како ќе изгледа Galaxy S25 на Samsung

Читај повеќе
  • play_arrow

6 опасни астероиди итаат кон Земјата, првиот доаѓа на 5 октомври

Читај повеќе

По 27 години, откриен нов cheat code за Doom

Читај повеќе
  • filter

5 вистини поради кои биолошкото оружје предизвикува страв ширум светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавена најдетална снимка на површината на далечна ѕвезда

Читај повеќе

Три нови функции на Viber кои нема да сакате да ги пропуштите оваа есен

Читај повеќе

Apple стави крај на продажбата на три модели на iPhone

Читај повеќе

Како исчезнале Викинзите? Вистината зад легендарната загатка

Читај повеќе

Што ќе му недостига на новиот Mac mini?

Читај повеќе