УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Германците незадоволни: Бараат од УЕФА да се преигра мечот со Шпанија

Фудбалските фанови во Германија, навивачите на германската репрезентација, сѐ уште не ја преболеле елиминацијата во четвртфиналето на ЕУРО 2024 и, како што стојат работите, веројатно нема да ја имаат ни во блиска иднина.

Три дена по мечот во Штутгарт и само еден ден пред со нетрпение очекуваното полуфинале во Минхен, десетици илјади Германци сѐ уште ја потпишуваат петицијата со која бараат преигрување на натпреварот Шпанија - Германија.

„Незадоволните германски навивачи бараат преигрување бидејќи веруваат дека на нивната репрезентација ѝ е направена неправда. Дури 350.000 луѓе потпишаа петиција за повторување на натпреварот“, пишува SportBible.

Причина е пеналот што англискиот судија Ентони Тејлор не го досуди во второто продолжение, кога Марк Кукуреља со рака го запре опасниот удар на Џамал ​​Мусиала и на тој начин спречи потенцијален гол со кој домаќините ќе се пласираа меѓу најдобрите четири и дуел со Французите во вторник од 21:00 часот.

Селекторот на Германија, Јулиан Нагелсман, веднаш по натпреварот, кој на другата страна го реши голот на Микел Мерино во 119. минута, побара да се смени спорното правило, но додаде дека не се чувствува измамен.

реклама

Фудбал

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Read more

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Read more

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Read more

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе