Германците повикани да штедат струја и да се подготвуваат за зимата

Претседателот на Германската регулаторна агенција за енергетика, Клаус Милер, денеска ги повика граѓаните, поради можноста Русија целосно да го прекине протокот на природен гас во земјата, да штедат струја и да се подготвуваат за зима.

Милер ги повика граѓаните да ја проверат состојбата на бојлерите и радијаторите за да добијат максимална ефикасност.

-Одржувањето може да ја намали потрошувачката на гас за 10 до 15 проценти, рече Милер.

Тој наведе дека граѓаните треба да се подготват за ова во текот на следните 12 недели.

Милер додаде дека германските семејства веќе треба да размислат „дали во текот на зимата секоја соба мора да биде на вообичаената температура или ако некои може да бидат малку постудени“.

Претходно во текот на јуни Русија го намали протокот на гас за Германија, Италија, Австрија, Чешка и Словачка.

Руската државна енергетска компанија Газпром соопшти дека причина за тоа е технички проблем, бидејќи опремата што се поправа во Канада не може да се врати поради санкциите што западните земји и ги воведоа на Русија поради агресија врз Украина.

Германските лидери го отфрлија ваквото објаснување, па намалувањето на испораките на гас ги нарекоа политичка игра.

Шолц ги повика Германците да се држат заедно во соочувањето со економските проблеми

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика граѓаните заеднички да се соочат со економските проблеми кои ја тресат земјата, особено инфлацијата, и затоа најави дека ќе се одржи експертски состанок на кој ќе се обиде да даде одговор на тоа прашање.

-Мора да се фатиме за раце и да се држиме заедно, рече Шолц во видеоподкаст.

Германскиот канцелар кажа и дека растот на цените е голем проблем што вознемирува многу граѓани, и тоа со право.

-Затоа мораме да дејствуваме заедно, рече Шолц.

Тој ги покани синдикатите, работодавачите, Бундесбанка и академиците, евоцирајќи ги напорите од 60-тите и 70-тите, да се разговара за тоа што треба да се направи.

Кампањата, наречена Усогласена акција, почнува во понеделник во канцеларијата на канцеларот.

Другите можни инструменти го вклучуваат предлогот на министерот за труд, Хубертус Хејл, кој сака еднаш годишно финансиски да им се помогне на самците кои месечно заработуваат помалку од 4.000 евра бруто приход и брачните двојки кои заедно заработуваат помалку од 8.000 евра.

-Само повисоките плати и социјалните бенефиции можат одржливо да ја компензираат штетата на луѓето со средни и ниски приходи, рече Марсел Фрацшер, претседател на Германскиот институт за економски истражувања (DIW), за ДПА.

Еднократните плаќања, од друга страна, додаде тој, за многумина не се од корист.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе