Германците првпат избраа јапонски модел за автомобил на годината

Електричната Honda ја освои титулата „Автомобил на годината за 2021 во Германија“.

Honda на овој начин стана прво возило на кој било јапонски бренд што успеало да ги освои пребирливите Германци. Автомобилот исто така победи и во категоријата „Нова енергија“.

Overall Winner: Honda E

Compact: Volkswagen Golf

Premium: Volkswagen ID.3

Luxury: Polestar 2

New Energy: Honda E

Performance: Bmw Alpina B3

Наградите ги доделува жири-комисија составена од водечки германски новинари кои ја следат автомобилската индустрија. Ова тело ги тестира и проценува најновите автомобили, рангирајќи ги според нивната употребливост, возните карактеристики, релевантност на пазарот и нивото на иновативност.

„Голема чест е што Honda е првиот јапонски автомобил добитник на наградата Автомобил на годината во Германија и ние сме неверојатно горди што ја добивме“, рече Кацухиса Окуда, претседател и извршен директор на Honda Motor Europe.

Remote video URL

Моделот Honda е беше лансиран на почетокот на оваа година и е важен модел во мисијата на Honda за целосно електрифицирање на нејзините главни модели до 2022 година. Клиентите можат да изберат еден од двата понудени електрични мотори.

Основната верзија има 136 КС (100 kW) и 315 Nm максимален вртежен момент, што е доволно за автомобилот да забрза од 0 до 100 км/ч за 9 секунди. Помоќната варијанта, која ја носи ознаката Honda e Advance, има електричен агрегат од 154 КС (113 kW) и исто така 315 Nm, а потребни ѝ се 8,3 секунди за да достигне 100 км/ч.Максималната брзина на обете верзии е електронски ограничена на 145 км/ч.

За складирање на електрична енергија се користат литиум-јонски батерии од 35,5 kWh, кои според стандардот за мерење WLTP и со 16-инчни алуминиумски фелни, обезбедуваат автономија на возење од најмногу 222 км. Во случај на опционални 17-инчни тркала, достапни во Honda e Advance, автономијата е нешто помала и изнесува 210 км.

Од Honda велат дека се потребни 30 минути за полнење на батериите до 80% капацитет на брз полнач (100 kW CCS2). За да може автомобилот целосно да се наполни на јавен полнач (4 kW), потребно е да биде поврзан 4,1 час, додека за полнење на домашен полнач (2,3 kW) потребно е да почекате дури 18,8 часа.

Кога станува збор за тежината, како и другите електрични автомобили, и Honda „плаќа данок“ поради тешки батерии - тежината на возилото е 1.514 кг.

Кабината за патници има место за 4 возрасни лица, но багажникот има релативно скромен капацитет од 171 литар. Со спуштени задни седишта, се зголемува на 571 литар (измерено до прозорецот), или 861 литар (мерено до покривот).

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе