Германците во паника: На повидок недостиг на тоалетна хартија

Намаленото снабдување со руски гас може лошо да влијае на индустријата за хартија, пишуваат германските медиуми.

Германија може да се соочи со недостиг на основни производи како тоалетна хартија и картон доколку се намали снабдувањето со рускиот гас во наредните месеци, објави денеска германски Zeit Online.

Фабрики за хартија може да станат непрофитабилни ако бидат принудени да произведуваат со намален капацитет поради недостиг на гас, публикацијата го цитира предупредувањето Јирген Шалер, претседател на Одборот на Баварските асоцијации за хартија.

„За производство на хартија е потребно многу вода, струја и гас“, објасни Шалер, додавајќи дека „технологијата е испробана и не може брзо да се промени“.

„Многу вработени во мојата компанија веќе се многу загрижени. Не можам да ги обвинам. Затоа што ако можеме да произведеме само 50 или 60%, операцијата не ни вреди. Да бидам искрен, и јас се грижам“, вели Шалер за Zeit Online.

Германија и ЕУ како целина неодамна забележаа намалување на испораките на природен гас од Русија, што доведе до бројни предупредувања за можни индустриски затворања. Гасоводот Северен тек 1 моментално работи со капацитет од 20% поради технички проблеми со турбините на компресорската станица Портоваја. Газпром не може да користи друга транзитна рута, преку Украина, со полн капацитет бидејќи, според рускиот енергетски гигант, украинската транспортна мрежа за гас ги одбива нејзините барања за транзит.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе