Германците во паника откако Кинезите влегоа во „Mercedes“

Германската министерка за економија најави заострување на прописите за странски инвеститори во Германија.

Ова следеше по неочекуваното зголемување на уделот на кинеската компанија „Geely“ во капиталот на „Daimler“, сопственик на брендот „Mercedes-Benz“.

„Треба секогаш да го прилагодиме нашето право во областа на надворешната економија на новиот развој на случувања, вклучувајќи ја и границата од која владата може да разгледува некое преземање на акции“, рече социјалдемократката Бригите Циприс во интервју за неделникот „Шпигел“.

Според актуелните прописи, Берлин може да разгледува некоја деловна трансакција и да ја спречи ако странскиот инвеститор стекне малцински удел во некоја германска компанија доволен за блокирање одлуки, односно 25% од капиталот.

Министерката укажа дека инвеститорите честопати може да извршат значително влијание на работењето на компанијата, дури и со мал удел. Таа рече дека оваа тема ќе биде на дневен ред на новата влада, особено кога станува збор за стратешки инфраструктури, како секторите за енергетика, сообраќај и интернет.

Кинеската индустриска компанија „Geely“ неодамна купи 9,6% од „Daimler“ и го надмина кувајтскиот јавен фонд што до тогаш имаше 6,8%. Групацијата во сопственост на кинескиот милијардер Ли Шуфу рече дека нема намера да стекнува поголем капитал во компанијата и дека не барала место во надзорниот одбор на германската компанија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе