Германците жестоки: Дали Клоп се продаде?

Јирген Клоп (57) ќе биде глобален шеф на фудбалот на Ред Бул од 1 јануари 2025 година, објави фудбалскиот инсајдер Флоријан Плетенберг.

Германскиот новинар објасни дека Клоп ќе ги советува сите клубови во сопственост на Ред Бул, како Лајпциг, Салцбург и Њујорк. Тој ќе им помогне во тренинзите, развивањето на фудбалската филозофија, развојот и доведувањето тренери и играчи и слични задачи.

Клоп веќе потпиша долгорочен договор, во кој вклучи клаузула според која може да ја напушти новата работа за во иднина потенцијално да стане селектор на германската репрезентација, која моментално ја води Јулијан Нагелсман (37), чиј договор е до летото 2026 година. Но, веста за неговиот нов ангажман не им се допадна на сите. Ова особено се однесува на германските медиуми.

Дали Клоп се продаде?

„По речиси 25 години на линија порај теренот, не може да бидам повозбуден што ќе бидам вклучен во ваков проект“, рече Клоп за неговата одлука да преземе клучна улога во еден од најмасовните и светски брендови во светот.

Дел од навивачите и медиумите сметаат дека Клоп со ова ги „изневерил своите идеали“. Тој често беше перципиран од јавноста како „последната брана за модерниот фудбал, човек кој работи на моќта на страста дадена од Енфилд или ‘жолтиот ѕид’ на Борусија Дортмунд, наместо бездушна корпорација“, пишува Der Spiegel.

Неговата одлука да ги промени традиционалните вредности на фудбалот со модел на успех заснован на пари, ги натера новинарите да ги повлечат од нафталин неговите изјави за модерниот фудбал, како онаа дека никогаш нема да управува со клубовите дека „со пари може да се купи сè што им недостасува, затоа што тоа би било како играње видеоигра“.

„Клоп му се претстави на Ливерпул како „Нормалниот“, наспроти „Специјалниот“, Мурињо, што му донесе пофалби. Сега, многумина веруваат дека тој е ист како другите во оваа индустрија и само ги следи парите. Оваа вест предизвикаа многу грди чувства кај навивачите“, додава Der Spiegel.

Кон критиките се приклучи и t-online, а најжесток беше Гинтер Клајн, новинар од Münchner Merkur. Тој на својот Х профил објави: „Клоп е лажен како неговите заби“. Тој мислеше на изјавата од 2019 година во која Клоп објасни како му ставиле вештачки заби бидејќи имал постојани проблеми со болки.

Тагови
реклама

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе