Свет

Германец со автомобил удри во толпа луѓе, 52 повредени

25. февруари 2020 - 14:12 | А.С.

Полицијата потврди дека има 52 повредени во нападот со автомобил на карневал во Фолкмарсен.

Осумнаесет од повредените се деца, а вкупно 35 луѓе се примени во болница со повреди здобиени во инцидентот. Жртвите се на возраст од 2 до 85 години.

Германец на 29-годишна возраст е уапсен под сомнение за обид за убиство во врска со инцидентот во западна Германија. Мотивот за нападот не е познат.

Во соопштението од полицијата во покраината Хесе стои дека уапсено е уште едно лице кое наводно го снимало нападот.

Осомничениот со сребрен Mercedes прво удрил во пластичните барикади поставени за парадата, а потоа и во толпата луѓе.

Очевидци велат дека возачот забрзал додека се движел кон луѓето и дека „возел со намера да изгази деца“.

Осомничениот исто така е повреден и се очекува да биде изведен пред истражен судија. Тој не бил под дејство на алкохол за време на нападот, но не се знае дали бил под дејство на дрога.

Коментирај