Побарувачката на компаниите за нови работници во Германија го достигна највисокото ниво во текот на овој месец, а најголема побарувачка е забележана во секторот на информациски и комуникациски технологии, стои во извештајот на Сојузниот завод за вработување.
Индексот на слободни работни места во јули порасна за два поени, односно на 256 бодови, што е најголемо ниво на овој показател, уште од неговото воведување од 2005 година.
Оваа владина агенција, во извештајот објавен во понеделникот, соопшти и дека бројката на слободни работна места е зголемена и во екеоносмкиот сектор.
Сепак, најголема побарувачка за нови работници е забележана во секторот за информациски и комуникациски технологии. Секторите на малопродажба, индустриско производство и јавна управа, исто така забележаа голем годишен пораст на слободни работни места.
Се бараат многу луѓе за работа во здравството
Владината агенција во понеделникот ги повтори предупредувањата дека некои сектори во стопанството, како што е здравството, исто така се соочуваат со сериозен недостиг на квалифицирана работна сила.
Невработеноста традиционално расте во текот на летните месеци, како последица на тоа што луѓето заминуваат на годишни одмори. Во текот на јуни, службениците на пазарот на трудот, забележаа најмала бројка на регистрирани невработени жители на Германија, уште од почетокот на националните мерења во 1990 година, но и покрај тоа бројот на слободни работни места расте.