Свет

Германија: Бегалци повторно сексуално нападнаа тинејџерки

17. јули 2017 - 18:41 | Макфакс

Во гратчето Шорндорф викендов млади бегалци нападнале тинејџерки, соопшти денеска германската полиција.

На манифестацијата „Шорндорфска недела“ се случиле најмалку два инциденти на сексуално малтретирање.

Полицијата води истрага против 20-годишен Ирачанин и тројца Авганистанци на возраст од 18 до 20 години, осомничени за малтретирање на 17-годишни девојчиња, соопштил началникот на полицијата, Ален Ролан Есел.

И во гратчето Беблинген викендов група алкохолизирни млади Авганистанци сексуално малтретирале повеќе млади жени.

Сите осомничени по разговорот во полиција биле ослободени. Властите повикале и други можни жртви да се јават во полиција.

Во полиција велат дека околу 1.000 млади мигранти се собрале ноќта меѓу саботата и неделата во паркот во Шорндорф и почнале да ги напаѓаат полицајците со шишиња и други тврди предмети.

Исто така, група од 30 до 50 млади агресивни момчиња под дејство на алкохол минувале низ паркот, а некои од нив биле вооружени.

Полицијата признала дека ја потценила ситуацијата.

Коментирај