КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Германија дупло ни се одмазди: Пораз од 4:0

Филип Здравески
/ 11.10.2021 / 22:38

Германија со убедлива победа си заминува од Скопје, одмаздувајќи се за поразот во Дујбург. Македонските фудбалери се соочија со дебакл откако имаа 0:0 на полувреме, а на крајот резултатот гласи 0:4.

Благоја Милевски вечерашниот натпревар го почна со следниве единаесетмина: Столе Димитриевски; Езџан Алиоски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Стефан Ристовски (к); Аријан Адеми, Бобан Николов, Тихомир Костадинов; Елиф Елмас, Дарко Чурлинов, Адис Јаховиќ. Неговио колега Ханси Флик се одлучи за Мануел Нојер; Давид Раум, Тило Керер, Никлас Зиле, Лукас Клостерман; Јосуа Кимих, Леон Горецка; Каи Хаверц, Томас Милер, Серж Гнабри; Тимо Вернер.

Иако Германците притискаа, првата посериозна шанса дојде пред нивниот гол. Преку контра напад Алиоски изнуди корнер по кој во 16. минута Велковски се обиде со глава, но крај голот на Нојер. Германците веднаш вратија, но обидот беше повеќе случаен, иако малку фалеше да го измами Димитриевски.

Потоа во 25. минута Раум се обиде од изгледна позиција од слободен удар, но го погоди ѕидот, на одбиената топка ударот на Гнабри го скроти Димитриевски.

Минута подоцна Елмас од косо го тестираше Нојер по брзата контра, но играчот на Наполи беше себичен бидејќи Адеми чекаше топка на шут на 16 метри.

Во 29. минута Милевски мораше да направи принудна замена. Адеми повреди уште во 23. минута кога го направи фаулот за слободниот удар на Раум, продолжи да игра по лекарската помош, но не можеше да издржи и на негово место влезе Стефан Спировски.

Во судиското надополнување Вернер ја погоди стативата, а на одбиената се обиде Милер, но Димитриевски одби во корнер па со почетниот резултат од 0:0 се замина на пауза.

По само четири минути игра во вториот дел Германците го отворија резултатот и тоа по една наивна грешка на Дарко Велковски. Дефанзивецот ја имаше топката на средината од теренот и несмано проигра, што резултираше со брза контра по која Милер несебично додаде до Хаверц кој на празен гол само ја смести топката во мрежата.

Дождот непрекинато врнеше и на играчите им создаваше сѐ потешки и потеѓки услови за игра поради лизгавиот терен. Тоа резултираше со попретпазлива игра од Германија, додека македонските фудбалери доста грешеа во додавањата.

Во 70. минута Германија го зголеми водството и практично ја завери победата. Милер беше асистент, а Вернер конечно се израдува на гол против Македонија.

Потоа веќе се почувствува и демотивираноста кај „Рисовите“. Тоа го искористи Вервер во 73. минута за убав гол од косо и веќе убедливо водство од 3:0.

Во 83. минута во листата на стрелци се запиша и Џамал Мусиала за веќе понижувачки пораз на Македонија.

На минута пред крајот Миовски одлично го проигра Чурлинов во фор, овој излезе пред Нојер, но завршницата му беше лоша, односно го префрли голот и со тоа пропадна шансата за почесен погодок.

Во останатите натпревари од нашата група Исланд очекувано запиша победа над Лихтенштајн славејќи со 4:0, додека Романија со минимални, но важни 1:0, ја совлада Ерменија и изби на второто место.

Квалификациите продолжуваат и завршуваат со натпреварите во ноември. Тогаш Македонија прво ќе ѝ гостува на Ерменија, а потоа завесата ќе ја спушти дома против Исланд. Шанси за тоа второ место и пласман во бараж постојат, но освен наши победи ќе треба и некои други резултати да ни одат во прилог.

Табела по 8. коло:

  1. Германија 21 (23:3)
  2. Романија 13 (11:8)
  3. Македонија 12 (15:10)
  4. Ерменија 12 (8:11)
  5. Исланд 8 (11:15)
  6. Лихтенштајн 1 (2:23)
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе