Германија: ЕК да ја набави руската вакцина Спутник V за земјите од ЕУ

Германија ја повика Европската комисија да ја набави руската вакцина Спутник V за земјите од Европската Унија, изјави германски официјален претставник.

– Побаравме од Комисијата да започне постапка за набавување на Спутник V, истакна претставникот пред новинарите на брифинг во Берлин, додавајќи дека „сега гледаме дека Комисијата е во процес на започнување на таа постапка“.

Претставникот, исто така, нагласи дека ЕК прво треба да ги испита ставовите во европските главни градови за да утврди кои земји се заинтересирани за купување на руската вакцина пред да започнат преговори за набавка на дози.

Откако спогодбата ќе биде постигната, земјите-членки можат потенцијално да купат дози на руска вакцина преку договорот на ЕУ, рече германскиот претставник. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги доби првите податоци за ефикасноста и безбедноста на руската вакцина на почетокот на овој месец откако Русија побара одобрување.

Засега не е познато кога ќе се донесе одлука за одобрување на вакцината Спутник V. Шефот на ЕМА, Емер Кук изјави дека регулаторот се подготвува да испрати инспекција на местата во Русија каде се произведува вакцината.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе