Германија ја одобри изградбата на првиот терминал за LNG: Итно ни треба замена за рускиот гас

Германските власти дадоа зелено светло за почеток на изградбата на првиот терминал за течен природен гас (LNG), соопшти енергетската компанија Uniper.

„Дозволата за изградбата што ќе започне пред предвиденото беше издадена многу брзо, што ја покажува важноста на терминалот за LNG во Вилхелмсхавен за безбедно снабдување со гас на земјата (Германија)“, рече извршниот директор на Унипер, Клаус-Дитер Маубах во изјавата во понеделникот.

„(Таа брзина) не може да се земе здраво за готово и пред сè покажува што може да се направи кога општеството, индустријата и политиката ќе се договорат“, додаде Маубах.

Според компанијата, во понеделникот официјално започна изградбата на пловечкиот терминал за LNG во Вилхелмсхавен на брегот на Северното Море.

Терминалот се очекува да обработува до 7,5 милијарди кубни метри природен гас годишно, што значи дека ќе задоволи околу 8,5 отсто од сегашната побарувачка на гас во Германија и треба да започне со работа на крајот на оваа година или почетокот на следната година.

Министерот за животна средина, енергетика, градежништво и заштита на климата на Долна Саксонија, Олаф Лиес, рече дека се многу задоволни што работите тргнале од мртва точка.

„Ни треба замена за рускиот гас што е можно поскоро, а ние на север сме подготвени да го земеме на грб“, додаде Лис.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе