Свет

Германија: Неонацисти фрлаа со шишиња по полицијата на концерт против имигрантите

7. октомври 2018 - 17:26 | А.С.

Осум полицајци се повредени во град во источна Германија откако присутните на рок концерт почнале да фрлаат со шишиња.

Рок концертот, организиран од екстремната десница, бил прекинат по еден час од почнувањето поради насилно однесување на присутните.

Околу 700 неонацист присуствувале на концертот што се одржувал под паролата „Со рок музика против приливот на странци“.

На контрапротест што се одржа претходно истиот ден имаше од прилика исто толку луѓе.

Концертот не бил нелегален, но како што доаѓале луѓе, насилното однесување се влошувало. Присутните почнале да ги гаѓаат полицајците со шишиња, а полицијата одговорила со солзавец.

Поддршката за екстремната десница е во подем во источна Германија. Пристигнувањето на повеќе од еден милион бегалци и азиланти од 2015 година наваму, ја подели јавноста во Германија околу миграцијата.

Коментирај