Германија очајнички бара работници: Кои професии се најбарани?

Без разлика дали се работи за индустрија, болници или занаети - недостигот на работна сила е сè поголем проблем во Германија. Доаѓањето на работници од странство не функционира како што беше замислено.

Сега треба да се реформира Законот за имиграција, пишува Deutsche Welle.

Можеше да биде убава вечер. „Би имал маса за вас“, рече сопственикот на ресторанот преку телефон, „но за жал нема кој да ви готви“. Ова не е шега. Во цела Германија нема доволно готвачи, помошници готвачи и келнери. Но, работната сила не е проблем само во угостителството.

Возовите се откажани бидејќи нема доволно машиновозачи. На аеродромите се трупаат куфери затоа што нема кој да ги претовари. На безбедносните пунктови луѓето губат нерви бидејќи редиците се премногу долги и не стигнуваат до авионите. Градинките ги повлекуваат потврдите за прием бидејќи нема доволно воспитувачи.

56% од компаниите се жалаат на недостиг од работници

Во истражувањето на Германската индустриска и трговска комора, која ги застапува интересите на неколку милиони компании од индустријата, трговијата и услугите, 56 отсто од компаниите се жалаат на недостаток на работници и сметаат дека тоа е една од најголемите закани за нивниот бизнис.

Германската агенција за труд бележи недостиг на работна сила во 148 занимања, а уште 122 занимања се загрозени. Во просек, потребни се осум месеци додека дом за стари лица не најде негувател. Градежните фирми во просек чекаат половина година додека не најдат работници. Ширум земјата беа објавени огласи за над 1,7 милиони слободни работни места.

Не недостасуваат само експерти

„Пред пет до десет години се огласувавме само во огласи за да ги продаваме нашите услуги. Денес плаќаме огласи во сите видови медиуми за да најдеме работници“, се жали Маркус Винтер, директор на компанијата IDS во Баден-Виртемберг, која вработува секакви работници. Компанијата има околу 750 вработени и има потреба од персонал во повеќе од 20 професии, од бравар до од возач на виљушкар до возач на комбе за испорака на алкохол.

Недостигот на работна сила не се појави одеднаш.

„Сега сме во релативно драматична ситуација која долго време ја предвидувавме“, вели Херберт Брикер, професор на Институтот за истражување на пазарот на труд и професионални истражувања во Нирнберг. Според неговите набљудувања, демографските промени сега се јасно видливи.

Германија годишно губи околу 350.000 членови на работоспособната генерација. Во исто време, демографски силните генерации ќе заминат во пензија само за неколку години. Експертите како Брикер пресметале дека до 2035 година на пазарот на трудот ќе има недостиг од седум милиони работници.

Едни доаѓаат, други заминуваат

Тоа е огромна дупка. За да се пополни, потребно е околу 400.000 имигранти да доаѓаат во Германија - и да останат таму - годишно. Ова се однесува на имигрантите од земји надвор од Европската Унија.

Од 2012 година, професионалците со академско образование можат да дојдат во Германија благодарение на таканаречената „сина карта на ЕУ“ Во 2020 година стапи на сила Законот за имиграција на професионална работна сила (FEG), кој не ги опфаќа само академски образованите имигранти Но, тоа не функционира како што се очекуваше.

Херберт Брикер зборува за „разочарување“ и потсетува дека во 2020 година од странство во Германија дошле 30.000 работници, но дека тогаш земјата ја напуштиле 20.000 работници.

Германската влада сега планира да го реформира законот за да се отвори пазарот на труд за работниците кои ја немаат потребната диплома или сертификат - треба да им се даде можност да ја добијат во компаниите што ги прифаќаат.

Германија претходно инсистираше на „еднаква вредност“ на дипломите - но тоа сега е минато: во иднина, при вработување, компаниите треба слободно да проценуваат дали им треба некој или не, а дипломата ќе биде споредна.

Работодавците под сомнеж

Но, во пракса, работите ќе продолжат да се развиваат со голема тешкотија. Ова добро го знае и адвокатката Бетина Офер, која ги советува компаниите кои сакаат да ангажираат работници од странство. Дури и со работен договор во џеб, сè уште е тешко да се добие термин за виза во германските амбасади, вели Офер, додавајќи дека се потребни месеци за да се потврди апликацијата.

„Властите постојано изразуваат сомнежи дека моите работодавци некако се обидуваат да прошверцуваат странски работници во Германија и не сакаат да сфатат дека работодавците само бараат работна сила.“

Таа зборува за „длабоко вкоренет одбранбен став“ меѓу надлежните органи на власта.

„Сè уште е неопходно да се бориме против таквиот став и ни треба промена на парадигмата. Секој работник што доаѓа кај нас е придобивка за нашата земја“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе