Во борбата против коронавирусот, Германија во големи количеста набавува еден лек што има намера да го употреби за лекување на пациентите со COVID-19, објави Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Според германскиот весник, станува збор за антивиралните таблети против грип „Авиган“, кои се надежна терапија, судејќи по искуството во Азија.
„Авиган“ се користи во Јапонија во лекувањето од коронавирусот, а вообичаено спречува вирусот на грипот да се размножува во телото на човекот.
Кинеската Влада неодамна соопшти, потсетува весникот, дека во Вухан постои клиничко истражување за овој лек кое ветува многу.
Бројот на потврдени случаи на заболени од коронавирус во Германија се зголеми на 73.522, додека досега починале 872 лица, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“ за инфективни болести од Бон.